OU"Sv.Kiril i Metodij"Bitola

                             Основно училиште                               „Св. Кирил и Методиј“                                    Битола

 

Добредојдовте на официјалниот веб портал на 

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. 

     Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“  е лоцирано во центарот на градот Битола, а во негов состав работи и подрачно училиште во селото Логоварди. Основната дејност на училиштето е воспитание и образование на ученици од 6 до 16 годишна возраст.Објектот во кој е сместено Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е изграден за време на турското ропство за потребите на занаетчиите еснафи. Изграден е со доброволна работа на македонското население и парични средства на 36 еснафи од Битола. Еден од учителите во тоа време бил истакнатиот деец и револуционер Даме Груев, а во годините 1900-1901 како учител овде работел и творел познатиот македонски револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во оваа зграда револуцинерниот комитет на Битолскиот Округ одржува советувања и донесува решенија за вооруженото востание на Македонскиот народ. Во 1941 година на Илинден, пред оваа зграда, партизанската организација во Битола организира демонстрација против Бугарскиот окупатор.Во втората половина на месец ноември 1944 година во училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 04.02.1944 година започнала наставата на македонски јазик.Во досегашната работа училиштето има постигнато видни резултати за што има добиено голем број награди и признанија меѓу кои и највисоката Републичка награда: „Климент Охридски“ од Републичкиот комитет за образование, наука и спорт - Скопје, како и наградата „4ти Ноември“ од Советот на град Битола 

Директор - Жанета Тошеска

Мисија и визија на училиштето

Мисија:

Нашето училиште е водечко по посветеноста на вработените, учениците и родителите во обезбедувањето на квалитетно образование и применливи знаења со развивање еколошка свест и ИКТ во наставата, креирање на можности и индивидуален развој и воспоставување на отворена меѓуетничка комуникација помеѓу сите субјекти.

Визија: 

Ќе бидеме училиште насочено кон иднината, меѓуетнички интегрирано врз демократски принципи кое учениците и наставниците го доживуваат како предизвик, задоволство и можност за учење, напредок и афирмација на еколошки план преку промовирање и применување на алтернативни извори на енергија поддржано со современа информатичко комуникациска технологија во сите сегменти на учењето и работата.