OU"Sv.Kiril i Metodij"Bitola

Св. Кирил и Св. Методиј

 

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својат епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само деца од богати семејства. Но за разлика од нив, кои повеќето од времето го поминувале во лов и слични забави, целосно се посветил на учењето и за кратко време во се ги надминал своите другари. Уште на седумгодишна возраст почнал да се итересира за филозовската наука. Во тоа му помогнало и знаењето на повеќе јазици. Покрај грчкиот јазик, кој како официјален државен јазик добро го совладал во солунските училишта, Константин го совладал и еврејскиот јазик кој го научил од своите другарчиња и солунската чаршија. Последните ученички години за Константин во Солун биле исполнети со голема тага поради смртта на таткому Лав во 841 година. Роднините и пријателите на семејството на Лав и Марија не допуштиле 14-годишниот Константин да не го продолжи школувањето. Тие му овозможиле на талентираниот Константин на 15-годишна возраст да замине во Цариград и да го продолжи школувањето во прочуената Магнаурска школа, која била сместена на Византискиот двор и израснала во универзитет. По извршената реформа во оваа школа позначајно место им било дадено на геометријата, астрономијата, аритметиката, музиката и други предмети. Во оваа школа Константин имал среќа да се напојува од знаењето на повеќе познати учени луѓе, меѓу кои предничеле Лав Математичар (Филозоф) и Фотиј, кој подоцна станал и цариградски патријарх. Константин за кратко време длабоко навлегол во тајните на филозофската наука, граматиката и други дисциплини. Истовремено одлично ги совладал и грчкиот, латинскиот, сирискиот и евреискиот јазик.

По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Меѓутоа, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константина. Тој бил наговорен да се прифати за професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро Византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.

Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на висантиска страна во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните читија Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик.

На тој начин Константин Филозоф во овој дел на Македонија заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост.

За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата Панонски легенди, Климентовото житие од Теофилакт, Климентовото житие од Хоматијан, О'писменех од Црноризец Храбар.

 

 

Св. Методиј Солунски (825 - Моравија, 19 април 885), постар брат на Константин Филозоф - Кирил, двајцата сесловенски учители и просветители.

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски јазик најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во визнатиската армија и веќе бил познат и на императорскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навгин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од Императорот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.

Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај Словените – Струмјани, од источните краеви на Македонија.

Помалиот брат на Методиј, Константин се втурнал  во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.

Активноста на Методиј била насочена пред се кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со идавањето на т.н “Закон судњиј људим„ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Законикот претставува првиот словенски пишан споменик во историјата.

Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста старословенскиот јазик да се преточи со грчката азбука.

Постариот брат Методиј (825-885), според византиските обичаи, требало да го следи животниот пат на својот татко. За тоа бил даден да се школува во училишта во кои слушателите главно се здобивале со воени знаења и се подготвувале за стекнување високи световни кариери. Методиј бил физички добро граден а покрај тоа и доста мудар. Тоа му овозможило уште на млади години да ги совлада воените вештини. По завршувањето школувањето исполнувал воени должности во рамките на солунската област. Како храбар воин уште млад стекнал голема воена слава. На дваесет годишна возраст бил удостоен од византискиот император со војводски чин и како таков во 845 година бил испратен да управува со „Словенското кнежество“ чиешто средиште го сочинувале струмичко-брегалничките краишта.

Методиј го управувал словенското кнежество 10 години, од 845 до 855 година. Во Методијевото кнежество живееле Струмјаните, кои биле доста немирни. Со испраќањето на Методиј за нивен управител Византија сметала дека тие ќе бидат смирени и претворени во мирни поданици.